Британската пејачка Адел за време на својот настап во Лас Вегас, си ја отвори душата и призна дека не се чувствува добро.

Имено, пејачката со ангелски глас додека шеташе по сцената, почна забележливо да куца. Таа им се извини на присутните и им објасни дека боледува од тежок облик на ишијас поради што едвај се движи, но како секој вистински професионалец, не сакала да ги откаже настапите.

За време на програмата „Викенди со Адел“ во Колосеум, ѕвездата се пошегувала дека поради болниот ишијас, „деновиве е принудена да ползи“. Имено, оваа болест предизвикува болка која се шири од долниот дел на грбот и се спушта по ногата сè до прстите.

Инаку, Адел неодамна се пожали дека сè уште не го преболела разводот со поранешниот сопруг Сајмон Конецки, што се случи во 2019 година. Веднаш по разводот, Адел редовно посетувала психотерапевт, но неодамна сфатила дека психички не се чувствува добро.

Таа исто така откри дека ѝ е потребна психотерапија за да може да даде сè од себе на следните настапи и да се соочи со тремата на сцена.

– Станува збор за претстојните концерти. Секогаш сум емотивна. Обожавам да правам музика, но има нешто при настапите во живо што ме ужаснува и ме исполнува со страв – беше искрена пејачката потврдувајќи дека напорно работи да го надмине стравот од јавни настапи.