Популарната пејачка Адел уште еднаш ја покажа неверојатната фигура која ја одржува откако пред неколку години ослабе.
Таа беше фотографирана со момчето Рич Пол и пријателите како уживаат во ноќно излегување. Таа носеше црн фустан кој ја истакна нејзината фигура и до израз ги доведе нејзината руса коса и очи.
Британската пејачка за неколку месеци успеа да ослабе преку 45 килограми, а оттогаш се труди да го доведе својот изглед до совршенство, што и оди многу добро.
Адел својата борба со вишокот килограми ја започна во 2017 година, а во 2020 година се појавија фотографии на кои пејачката беше непрепознатлива. По шестгодишна пауза, таа кон крајот на минатата година објави нов албум, а на почетокот на оваа година за него освои бројни значајни награди.