Додека траеше судењето на Џони Деп и Амбер Херд пред две години, вниманието на неговите обожаватели го привлече неговата адвокатка Камила Васкез. Многумина веруваа дека меѓу нив се родила љубов. Таа сега откри зошто тоа не се случило.
„Да разјасниме, никогаш не сум била со Џони Деп, ниту тоа го посакував. Сметам дека тој е прекрасна личност, но не е мој тип“, рекла таа и нагласила дека сè уште се во редовен контакт“, пренесува „Њујорк пост“.
Објаснила и како гласините во тоа време биле толку силни, што дури во еден момент им се јавила на своите родители само за да биде сигурна дека тие дефинитивно знаат дека нивната ќерка не е во романтична врска со актерот.
Камил, која за многу кратко време стекна слава работејќи на овој случај, истакнала дека за време на нејзините први средби со Џони сфатила колку всушност тие двајцата се различни. „Се сеќавам дека по половина час разговор со него, помислив дека тој на светот гледа тотално поинаку од мене. Мислам, тој дефинитивно го користи другиот дел од својот мозок, тој е уметник“, објаснила убавата адвокатка.
Исто така, таа открила и дека допрва треба да ги гледа „Пиратите од Карибите“, како и тоа дека досега гледала само еден негов филм – „Chocolat“ од 2000 година.
За потсетување, поротата донела пресуда во тужбата за клевета на Џони Деп против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, која тврдела дека Деп физички и сексуално ја нападнал во неколку наврати. Актерот го добил случајот, а Амбер Херд била прогласена за виновна.
Камил Васкез по победата на Деп во судскиот спор добила унапредување во адвокатската канцеларија „Brown Rudnick“.
Од канцеларијата објавиле дека таа е унапредена во партнерка, што е круна на нејзината адвокатска кариера. Во соопштението било наведено и дека унапредувањето е резултат на нејзината одлична работа на случајот Деп против Херд, кој медиумите го нарекоа „шоубиз судење на векот“ и кој добил огромен публицитет.