Приватно возило утрово удрило во оградата на руската амбасада во романскиот главен град Букурешт.
Во извештајот на државното радио на Романија се наведува дека инцидентот се случил утринава околу 06.30 часот, дека автомобилот се запалил откако удрил во оградата на руската дипломатска мисија и дека возачот починал на лице место, пренесе ТАСС.
На улицата каде што се наоѓа руската амбасада сообраќајот се одвива отежнато додека припадниците на полицијата ги утврдуваат околностите на инцидентот.