Автомобил влета во толпа пред стадионот во кинескиот град Жухаи синоќа, при што беа повредени неколку лица, соопшти полицијата. Уапсен е 62-годишен возач, а полицијата соопшти дека се презива Фан.
Локалните извештаи проценуваат дека најмалку 20 луѓе се повредени и испратени во болница. Инцидентот се случи и покрај зголемените безбедносни мерки во градот, во кој моментално се одржува голем цивилен и воен аеромитинг.
Повеќето видеа од инцидентот објавени од очевидци оттогаш се отстранети од кинеските социјални мрежи, но некои сè уште кружат на интернет покажуваат дека многу луѓе лежат на земја, а им помагаат болничари и случајни минувачи.
https://twitter.com/i/status/1856157316640583735