Во 16 часот и 18 минути изгубен е контакт со авион од типот Цесна кој попладнево полетал од Охрид за Софија, потврдија од Управата за цивилна воздушна пловидба.
Во малиот авион имало четворица патници, сите бугарски државјани. По исчезнувањето на авионот информирана е Контролата за летање, Центарот за управување со кризи и Министерството за внатрешни работи кои работат на лоцирање на авионот.
Во моментов се трага по исчезнатиот авион со два полициски хеликоптери.