225
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го ограничил пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до класифицирани информации.
Традиционално, поранешните претседатели добиваат одредени доверливи информации од безбедносните служби откако ќе ја напуштат Белата куќа.
„Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации. Затоа, веднаш му го одземаме одобрението на Бајден за пристап до доверливи информации и ги запираме неговите дневни разузнавачки брифинзи. Секогаш ќе ја штитам националната безбедност – Џо, отпуштен си. Ќе ја направиме Америка повторно голема“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
Портпаролот на Бајден одби да ја коментира одлуката на Трамп.
