ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА СО КОРОНАВИРУСОТ: Почина поранешниот тапанар на „Леб и сол“, Драгољуб Ѓуричиќ

by Тони Зографски

Познатиот тапанар Драгољуб Ѓуришиќ почина на 68-годишна возраст во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, како последица на Ковид-19.

Ѓуричиќ еден месец се бореше со опасниот вирус, а беше хоспитализиран на 24 февруари. Состојбата му се подобрила пред пет дена и бил исклучен од респиратор, но денеска за жал ја загубил битката.

Драгољуб Ѓуришиќ е роден во Цетиње на 10 февруари 1953 година. Свиреше во групата „Леб и сол“, „Кербер“, беше тапанар на Ѓорѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ, а свиреше и со многу други познати изведувачи од регионот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com