Холивудскиот „бог на убавината“ страсно ја прегрнува и бакнува девојката на Леонардо ди Каприо (ФОТП)

by Тони Зографски

Актерот Тео Џејм во холивудската индустрија присутен е веќе 15 години, но заслужената слава му ја донесе дури сега главната улога во овогодишната хит-серија „The Gentlemen“. Овој 39-годишник е одличен и многу талентиран актер, но воедно го краси и неверојатно добриот физички изглед, па не е ни чудо што го освои срцата на женската публика ширум светот.

На крилјата на екстремната популарност, Тео Џејмс е ангажиран на сè повеќе проекти, а меѓу останатото станал и амбасадор на брендот „Dolce&Gabanna“.

Папараците неодамна забележале многу незгодни кадри на италијанскиот остров Капри со Тео во главната улога, за време на снимањето на рекламата за споменатата модна куќа. Имено, згодниот 39-годишник на кампањата работел заедно со италијанската манекенка Виторија Черети, девојката на актерот Леонардо ди Каприо, а парот имал прилично „безобразна“ задача.

Тео и Виторија Черети снимале многу секси, жешки сцени, разменувајќи страсни бакнежи и допири во гумен чамец, а и двајцата биле во морски изданија – поточно прилично разголени.

Младата, атрактивна бринета носела минијатурно бикини во бела боја, додека холивудскиот убавец го покажал своето извајано тело и заносните мускули во долен дел костим за капење, исто така во бела боја.

Славниот Британец овојпат ја засенил 26-годишната убавица, бидејќи главна тема на социјалните мрежи се неговите мускули и оној вистински, машки став.

Јасно е дека тој ревносно води сметка за својата форма и дека е редовен во теретана.

Инаку, Џејмс од 2018 година е во брак со актерката Рут Керни, а Виторија веќе година дена е во врска со Ди Каприо – но очигледно ниту двајцата немаат проблеми со љубоморните партнери со оглед на секси сцените кои ги снимиле.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com