УШТЕ ЕДНА МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА РУСКИ МИЛИЈАРДЕР: Ненадејно се урнал неговиот хеликоптер (ФОТО)

by Тони Зографски

Рускиот милијардер Вичеслав Таран загина во хеликоптерска несреќа која се случи на југоистокот на Франција, откако претходно полета од Лозана, Швајцарија.

Како што објави британски „Сан“, освен 53-годишниот милијардер, во хеликоптерската несреќа загинал и 35-годишниот француски пилот.

Мистериозно е тоа што требало да има уште еден патник во хеликоптерот ЕЦ130, но сепак поради непознати причини се откажал од летот и неговиот идентитет не се открива.

Заменик-јавниот обвинител во Ница го посети местото на несреќата и рече дека не може да ја исклучи вината на „трето лице“.

Инаку, Таран е основач на трговската и инвестициската платформа Либертек и Форек клуб, а според некои информации бил близок до руските разузнавачки служби.

Сепак, тој наводно имал врски со странските разузнавачки служби на Русија.

Украинската новинска агенција UNIAN го опиша како „милијардер крипто-бизнисмен“, обвинувајќи го дека е одговорен за „перење руски средства преку системот на операции со криптовалути“.

останати вести