Украл пари од месарница, се фрлил во Вардар, па барал помош да не се удави

by Тони Зографски

Крадец, кој украл пари од месарница во Велес, откако бил откриен, бегајќи се фрлил во Вардар, па барал помош за да не се удави –  објави порталот тирековмирече. Според сведоци кои учествувале во фаќањето на крадецот, се било како во филм.

“Вработениот во месарницата беше излезен надвор а влезе некое лице и за кратко испадна од дуќанот. Кога вработениот нешто го праша и се обиде да го сопре, тој почна да бега. Истрча преку блиската железничка рампа и низ месноста Дворови траеше бркотница. Преку еден од сокаците, тој стаса до Вардар и скокна во него“ , вели  соговорник за порталот.

Слушнав викање помош, помош. Во мракот не се гледаше кој и каде е, но гласот доаѓаше од реката. Го слушна друг минувач и се симна до брегот, сакаше да скокне да го вади, но давеникот беше близу и со помош на една даска која му ја даде човекот, тој се фати и излезе на брегот – изјавил друг сведок на настанот.

Таму веќе била полицијата и екипа на Итната помош а дежурниот доктор му дал прва помош.

Од МВР за настанот информираа дека случајно е расчистен, без многу детали.

 

 

останати вести