ТРИГОДИШНАТА ХЕРОИНА ОД ТУРЦИЈА: Преживеала 65. часа под урнатините и испраќа поздрав (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Повреденото тригодишно девојче Елиф Перинчек, кое беше спасено вчера и извлечено од урнатините 65 часа по земјотресот во областа Бајракли во западната турска област Измир, беше згрижена во болница и е во добра здравствена состојба.

На видеото објавено на Твитер се гледа како малата Елиф мавта, додека лежи во болница, а во рацете ја држи омилената кукла.

Инаку, денеска во Измир, 91 час по земјотресот што се случи во петокот, спасено е уште едн девојче од под урнатините на апартманите „Риза-бег“, јави агенцијата Анадолија.

Девојчето што е спасено се вика Ајда Гезгин, и таа е 107 лице спасено од урнатините.

останати вести