Трајковски си ги лечел синусите кај Груевски

by Тони Зографски

Александар Трајковски кој беше на посета кај експремиерот Никола Груевски во Будимпешта, утрово им избегна новинарските екипи и не одговори на ниедно прашање.

Тој на денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ во кој е еден од обвинетите, рече дека бил во Унгарија поради специјалистички преглед за синусите и дишните патишта. Трајковски во Будимпешта заминал по второ мислење за неговата болест, за што приложил и медицинска документација.

Трајковски беше неколку дена во посета на експремиерот Груевски кој е во бегство и доби азил во Унгарија. За посетата се дозна откако на социјалните мрежи се појави фотографија на Груевски како се шета низ Будимпешта, а на која може да се забележи и Александар Трајковски. Тој е  советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com