Трамп објави бизарно видео за тоа како ја замислува иднината на Газа

by Тони Зографски

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ сподели видео генерирано од вештачка интелигенција, без никаков дополнителен коментар. Видеото ја прикажува сегашната разрушена од војна Газа како се трансформира во модерен крајбрежен град, преполн со хотели, облакодери и луѓе.

Оваа визија ја следи неодамнешната идеја на Трамп за преселување на Палестинците во соседните арапски земји, со цел да се изврши масовна реконструкција на местото на уништената Газа.

Целото видео е проткаено со мотиви на луксуз, забава и пари. По почетните сцени на разорената Газа, се појавуваат зборовите: „Газа 2025 – што е следно?

Во еден момент на видеото, еден од најблиските соработници на Трамп, Елон Маск генериран од вештачка интелигенција фрла банкноти од американски долари меѓу насобраните граѓани. Во центарот на вештачки создадениот град, гордо стои џиновска златна статуа на Трамп, додека лично тој танцува со танчерка, а Илон Маск ужива во оброк.

Во еден момент, сцената ги прикажува Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во шорцеви за капење, со пиво во рака, како лежат на лежалки пред луксузен хотел.

Ова видео доаѓа во време на интензивна дебата за американското учество во мировните напори и можностите за обнова на Блискиот Исток.

останати вести