ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Загинаа двајца фудбалери откако удриле во дива свиња

by Тони Зографски

Во бизарна сообраќајна несреќа во Италија загинаа двајца фудбалери откако со својот автомобил удриле во две диви свињи.

Се работи за Симонлука Агацоне (39) и Матео Равето (32), фудбалери во италијански нисколигаши. Двајцата со својот автомобил се движеле по автопатот А26 во Карпињано во близината на Лече, кога пред нив излетале две диви свињи. Од ударот, автомобилот излетал од патот и се превртел, а двајцата фудбалери го загубиле животот.

Агацоне е поранешен фудбалер на СПАЛ, Специја и многу други помали клубови во Италија, а потекнува од младинската школа на Милан. Равето исто така играл за неколку нисколигаши.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com