62-годишниот актер се спушти со јаже на стадионот за време на подигнувањето на американското знаме и интонирањето на американската химна, што ја доведе публиката во транс. Потоа го зел знамето и со мотор се „упатил“ во Лос Анџелес пред да скокне од авион и да позира покрај знакот на Холивуд во однапред снимена секвенца.
Инаку, за разлика од отворањето, церемонијата на затворањето се одржа на познатиот „Стад де Франс“. 9.000 спортисти го изодеа последниот круг на стадионот, предводени од 205 носители на знамиња.
Во вкупниот пласман, САД е најуспешната земја според освоените медали, пред Кина.
Церемонијата започна со изведба на познатата песна на Едит Пјаф, „Небото над Париз“ (“Sous le ciel de Paris”) од страна на локалната пејачка Захо де Сагазан и хорот на академијата Ендел-Ендрикс, а режисер на целото претставување повторно е Тома Жоли.
По песната, четирикратниот олимписки шампион од Париз 2024, Леон Маршан, го презеде олимпискиот оган од големиот балон и го пренесе на „Стад де Франс“.
Tom Cruise is amazing! #ParisOlympics #ClosingCeremony #LosAngeles2028 pic.twitter.com/QDrYgmUSoy
— Sarah O'Connell (@SarahO_Connell) August 11, 2024
Француското знаме беше триумфално подигнато на теренот на „Стад де Франс“, додека оркестарот на стадионот ја свиреше „Марсељезата“. Потоа започна парадата на нациите, каде што хероите на игрите, иако во помал број, направија круг околу стадионот.
Носителите на знамиња излегоа заедно, за разлика од парадата на отворањето – оваа традиција датира од Игрите во Мелбурн во 1956 година.