“ТОЛКУ МНОГУ ГО САКАМ СКОПЈЕ, НО МОЈОТ ЖИВОТ Е МЕДИЦИНАТА“ – напиша на Твитер д-р Чадиковски

by Тони Зографски

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски се огласи во врска со наводите во дел од медиумите дека е еден од можните кандидати на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје.  Тој на Твитер објави дека неговата професионална мисија е ориентирана кон лекување на децата.

-Толку го сакам својот град што не би сакал да го води човек како мене,кој е стручен за друго. Мојот живот е медицината и моја професионална мисија е да помагам на што повеќе болни деца. И ништо надвор од тоа. Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес“, реагира Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, откако некои медиуми шпекулираа дека e еден од можните кандидати за градоначалник кој би бил поддржан од ВМРО-ДПМНЕ – напиша д-р Чадиковски.

Инаку, Владимир Чадиковски имал добар рејтинг според последните анкети направени од неколку агенции.

 

 

 

 

останати вести