Тања Кокев ќе го облече тимот на “Медена земја“ на Оскарите (ФОТО)

by Тони Зографски

Модната креаторка Тања Кокев ќе ја облече екипата на „Медена земја“  на свеченото  доделување на Оскарите во февруари во Беверли Хилс, Лос Анџелес, -објави креаторката на својот Фејсбук профил заедно со нивна зедничка фотографија.

Предуцентот Атанас Георгиев, режисерот Љубомир Стефанов и кинематографите Фејми Даут и Самир Љума ќе носат смокинзи кои се веќе готови, додека се очекува враќањето на режисерката Тамара Котевска од Еквадор за да се финализираат креацијата за неа.

Инаку, 92-то издание на оваа престижна свеченост ќе се одржи на 10 февруари, во театарот „Долби“ во Беверли Хилс.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com