“ТАТКО МИ БЕШЕ ВО КАБИНАТА ЗА СПИЕЊЕ, БЕВ ВО СОФИЈА И ГО ПРЕПОЗНАВ ТЕЛОТО“- открива синот на вториот возач на автобусот за БНТ

by Тони Зографски

Името на вториот возач на опожарениот автобус на автопатот Струма е Кадрим Мемеди, открива бугарската БНТ. Неговиот син Бесар за БНТ изјави дека телото на неговиот татко било пронајдено во одделението за спиење. Не возел, но не е потврдено. Синот бил во Бугарија за да го препознае телото и се вратил дома.

Неговиот татко имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите. Автобусот бил технички исправен, вели неговиот син.

Бесар тврди дека Беса Транс има сервис и во Турција. Неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција.

Кадрим во петокот оттаму му се јави на синот. Во автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту со гориво. Автобусите беа стари 3 години и технички исправни.

Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар, кој не е на списокот за патници на „Беса транс“ е – Шади Науфал Салех.

БНТ ја објави и последната слика од починатиот Кадрим.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com