Српски војник загина во Либан

by Тони Зографски

Постариот наредник Милован Јовановиќ, припадник на српските вооружени сили, кој беше ангажиран како дел од мировните сили на Обединетите нации (ОН) во Либан, почина утринава како последица на повредите предизвикани од проектил кој паднал врз базата на ОН каде што се стационирани мировните сили, вклучително и дел од српскиот контингент.

На постариот наредник Јовановиќ му била укажана итна медицинска помош откако бил ранет во болницата во базата, а потоа со хеликоптер бил пренесен во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што починал околу 04:00 часот по локално време, соопшти Министерството за одбрана. Во нападот се повредени уште двајца припадници на меѓународните сили, еден од вооружените сили на Ел Салвадор и еден од вооружените сили на Шпанија.

останати вести