Српска професорка вели дека антителата не се никакво мерило за јачината на имунитетот

by Тони Зографски

Српската професорката Лилјана Гојковиќ Букарица во утринска програма им се обрати на граѓаните на Србија кои веќе имаат можност за трета доза, а некои од нив „оделе според чувството“ кога се пријавувале, пишува Мондо.

Според професорката по клиничка фармакологија на Медицинскиот факултет во Белград, антителата не се никакво мерило за јачината на имунитетот, а многу појасен показател може да биде трајноста на самата вакцина – на пример, кај Фајзер и Синофарм, таа докажано истекува после шест месеци и потребна ќе ни е трета доза.

Во новиот корона-бран, Србија вчера надмина 5.000 нови инфекции на дневно ниво, со 23 смртни случаи и зголемување на бројот на хоспитализирани лица во последните 24 часа.

останати вести