СРБИЈА ПОВТОРНО СЕ ЗАТВAРA: Ништо нема да работи од сабота од 12 часот до понеделник

by Тони Зографски

Откако повторно почна да расте бројот на новозаразени со корона вирус и покрај масовната вакцинација што ја спроведуваат, денеска Кризниот штаб на Србија одлучи викендот повторно да се затвори се и тоа од сабота во 12 часот, до понеделник до 6 часот наутро.

Во сабота ќе биде отворено се до 12 часот, а до понеделник до 6 часот ќе работат само продавници за храна, лекови и гориво, рече членот на Кризниот штаб д-р Предраг Кон и додаде дека од понеделник наставата во средните училипта ќе се одвива онлајн.

Кризниот штаб повторно ќе се состане во вторник, додаде Кон и рече дека „единствено се потвпираат на имунизацијата“.

Д-р Кон вели дека имунитетот од вакцината е поголем од ној по прележана болест. Според него, неопходно е да се направи ревизија на податоците за корона вирусот и податоците кои постојат.

Денеска, кај нашиот северен сосед регистрирани се 4.071 новозаболени, а починаа 17 пациенти.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com