Во Солун можете да ручате за само 2 евра! Ресторанот кој е скриен на мирно место нуди евтина храна – најскапата порција чини 10 евра (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Туристите кои престојуваат во Грција ова лето во Солун можат да најдат ресторан со многу вкусна и евтина храна лоциран надвор од строгиот центар на градот наречен „Бабис“.

Цените се многу пониски отколку во таверните и рестораните во центарот. Предјадењата се од 3 до 5 евра, главното јадење до 10 евра, додека чаша вино чини 2 евра.

Она што е интересно е дека работното време на ресторанот е само до 17 часот и работи по принципот на резервации. Тие се напишани со рака и се наоѓаат на масите.

Сајтот Nikana.gr“ објави детали за ресторанот „Бабис“, кој, како што се наведува, секогаш е полн и најмногу го посетуваат мештаните.

“Ако тргнете малку надвор од строгиот центар на Солун, може да наидете на стари кафулиња со домашна услуга, вкусна храна и ниски цени.“

Резервација за ресторан и порции храна

На сајтот навеле дека со денови минувале покрај овој ресторан и секогаш бил полн. Одлучиле да седнат една вечер, но сосема се изненадиле кога виделе дека е затворено, бидејќи работното време било до 17 часот.

Следниот ден пристигнале околу 13 часот, а на масите имало рачно напишани резервации. Сепак, имало една слободна маса.

„Порциите не се големи, но сè е вкусно и свежо. Вработените не се брзаат премногу, сè е опуштено и лесно, а нам токму тоа и ни одговара“, пишува на Инстаграм профилот на Nikana.gr.

Според нив, критиките за ресторанот „Бабис“ на интернет се одлични. Пишувани се од страна на Грците, кои речиси се единствените гости, бидејќи туристите ретко влегуваат во такви сокачиња.

останати вести