СО БЛАГИ СИМПТОМИ: Директорот на “Паркинзи Центар“, Васко Кичевски е заразен со коронавирус

by Тони Зографски

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски е позитивен на ковид-19. Тој утринава соопшти преку социјалните мрежи.

“Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, утрово добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.

Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во опасност.

Чувајте се.“ напиша Кичевски на својот Фејсбук профил.

останати вести