Состав на новата коалициска Влада предводена од Зоран Заев

by Тони Зографски

Коалициските партнери СДСМ, како предводник на коалицијата ,,Можеме“ и ДУИ, денеска ги утврдија и објавија имињата на новата Влада.

  1. Зоран Заев, премиер
  2. Фатмир Битиќи(СДСМ), вицепремиер за економски прашања
  3. Љупчо Николовски(СДСМ), вицепремиер за борба против корупција
  4. Никола Димитров(СДСМ), вицепремиер за европски прашања
  5. Оливер Спасовски(СДСМ), Министер за внатрешни работи
  6. Радмила Шекеринска(СДСМ), министер за обрана
  7. Мила Царовска(СДСМ), министер за образование
  8. Бојан Маричиќ(СДСМ), министер за правда
  9. Јагода Шахпаска(СДСМ), министер за труд и социјална политика
  10. Венко Филипче(СДСМ), министер за здравство
  11. Благој Бочварски(СДСМ), министер за транспорт и врски
  12. Ирена Стефоска(СДСМ), министер за култура
  13. Горан Милески(ЛДП), министер за локална самоуправа(извор Сител)

Министерството за земјоделство ќе ѝ припадне на БЕСА, како коалициски партнер на СДСМ во коалицијата ,,Можеме“, најверојатно Аријанит Хоџа.

ДУИ ги објави имињата на нивните предлози за владини функционери:

1.Фатмир Бесими(ДУИ), министер за финансии

2. Бујар Османи,(ДУИ), министер за надворешни работи

3. Артан Груби(ДУИ), министер за политички систем и вицепремиер

4.Крешник Бектеши(ДУИ), министер за економија

5. Насер Нуредини(ДУИ), министер за екологија и животна средина

Откако се утврдени имињата на министрите, претседавачот со Парламентот ќе свика седница на која ќе биде претставена новата Влада.

останати вести