Снежана Лупевска веќе не е одговорен уредник во Телма

by Тони Зографски

Снежана Лупевска-Созен повеќе нема да ја извршува неформалната функција одговорен уредник на информативната програма на телевизијата Телма, пишува Фактор.

Според сознанијата на Фактор, на оваа позиција доаѓа Марија Дивитарова – Савановиќ, сегашна уредничка на вести во телевизијата.

Информацијата за Фактор ја потврди и главниот и одговорен уредник и директор на телевизија Телма, Атанас Кировски.

Лупевска на својот Фејсбук профил како коментар  го објави следниов пост.

„Успешен е оној човек кој умее да постави цврст темел од циглите кои другите ги фрлале на него. Дејвид Бринкли“.

останати вести