Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најмалку осум лица загинаа

by Тони Зографски

Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад. На терен се седум екипи на Брза помош и три противпожарни возила.

Инцидентот се случил околу 12:00 часот, по што железничката веднаш била затворена. На местото на несреќата има багери и камиони кои ги расчистуваат урнатините и трагаат по граѓани кои можеби се под урнатините.

Според РТВ најмалку осум лица се загинати, а повредени се повеќе лица.

Станува збор за настрешница која се наоѓа над влезната врата во зградата на станицата, а е изградена во 1964 година

останати вести