Шоферот имал пролив, па жена без дозвола го возела автобусот

by Тони Зографски

Жена без дозвола возела автобус на линијата Белград – Суботица. Што е уште посимтоматично, автобусот бил технички неисправен.

Полицијата во неделата го исклучила од сообраќај автобусот, а со него управувала Т.А. која немала положено Д категоријата неопходна за управување со автобуси.

Подоцна за вечерни.рс се огласила жената која се правдала дека колегата ја замолил да  седне на шоферското седиште, но по 50 -тина метри се нашла полициската контрола.

“ Колегата имаше пролив и ме замоли да го превземам воланот. По 50-тина метри ме запра полициска контрола. Не знам зошто толку прав се крена, бидејќи јас за Д категорија ќе полагам на 24 март“, изјавила 31-годишната Т.А.

Инаку, се работи за катен автобус во кој се наоѓале шест патника.

По овој инцидент шоферот и жената добиле отказ.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com