“СЕПАК СТИГНА И ДО МЕНЕ“: Уште еден македонски пејач позитивен на коронавирус

by Тони Зографски

Пејачот Боби Павловски пред  на својот профил на Фејсбук ги извести своите пријатели дека се заразил со коронавирусот.

Како што пишува во неговиот статус и покрај тоа што внимавал и ги почитувал мерките, вирусот не го одминал.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

-Пријатели, колеги, соработници, морам да ве известам дека за жал мојот тест за ковид е позитивен, покрај сите витамини, мерки и пазења, маски, дезинфекции, сепак стигна и до мене. Носете маски, држете дистанца, ако имате симптоми, пријавете, тестирајте се, седете дома, не ја ширете заразата, бидете совесни. Се надевам дека се ќе помине најдобро. Пазете се и чувајте се, – напиша Павловски на својот профил.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com