Секси издание на „најубавиот ангел“ за забавата: Целосно проѕирно и (пре)кратко (ФОТО)

by Тони Зографски

Бела Хадид привлече големо внимание и на забавата што следуваше по официјалниот дел, по познатата ревија на брендот „Victoria’s Secret“, одржана во Лос Анџелес во неделата, на која се прошета во спектакуларно издание.

За овој настан се пресоблече од долната облека што ја носеше на пистата во нешто поопуштено, но не помалку провокативно издание. Избра краток фустан од чипка, кој многумина ги потсети на едно од најпопуларните изданија на Бритни Спирс, која носеше сличен фустан пред 25 години, пишува „Harper’s Bazaar“, а пренесува Index.hr.

Бела Хадид носеше темносин ролка-фустан со долги ракави, изработен од проѕирна чипка со цветен дезен.

Бритни Спирс во 2001 година, на доделувањето на наградите „MTV Video Music Awards“, носеше креација на модната куќа „Dolce & Gabbana“, а иако фустаните се многу слични, долната облека ја направи разликата.

Бритни под фустанот носеше градник и шорцеви, додека Бела се одлучила за градник и танга-гаќички од брендот „Victoria’s Secret“.

останати вести