СЕКОЈ ТРЕТ МАКЕДОНЕЦ ИМА АНТИТЕЛА: На половина пат сме да создадеме колективен имунитет

by Тони Зографски

Секој трет граѓанин има антитела на COVID-19, покажа испитување на Институтот за имунобиологија кое се спроведе изминатите две недели во Скопје.

Анализата се спроведе врз 1.000 случајни минувачи на шест локации во Скопје и тоа во Карпош, Аеродром, ТЦ „Мавровка“, во Градскиот парк и на улица Македонија и Плоштад Македонија.

Притоа, се внимавало испитаниците да не се од исто семејство, односно да се земат примероци од различни групи и возрасти.

„Обработката на податоците покажа дека 31 отсто од испитаниците имаат антитела или секој трет граѓанин прележал COVID-19. Во анализата беа земени примероци и од луѓе кои знаеле дека го прележале вирусот, но и од испитаници кои не биле заразени или пак не знаеле дека прележале“, вели директорот на Институтот за имунобиологија Александар Петличковски за порталот Сакам да кажам.

Ваквите разулатите кажуваат дека земјава е на половина пат кон создавање колективен имунитет, за што е потребно болеста да ја прележат најмалку 60 отсто од граѓаните, објасни Петличковски.

останати вести