САМО ЕДНА ГРУПА ЛУЃЕ СОЗДАВА “СУПЕРИМУНИТЕТ“ НА КОВИД-19: Научниците збунети, антителата скокнале за 2.000 отсто

by Тони Зографски

Научниците од Орегон наведуваат дека инфекцијата на коронавирусот кај една група луѓе создава т.н. „суперимунитет“.

Новото истражување спроведено во американската држава Орегон утврдило дека една група луѓе добива т.н. „суперимунитет“ по инфекција со коронавирусот.

Студијата опфатила 26 вработени во локална болница кои биле целосно вакцинирани и ги споредила нивните случаи по зараза со коронавирусот со резултати од пациенти коишто не биле вакцинирани, а исто така биле заразени со коронавирусот.

Кај целосно вакцинираните пациенти, по инфекција со коронавирусот се создал т.н. „суперимунитет“, а нивото на нивните антитела пораснало многу, навеле авторите на студијата.

„Зголемувањата на нивото на антителата беа супстанцијални, околу 1.000 отсто, но и до 2.000 отсто во однос на невакцинираните кои се заразиле со Ковид-19“, изјавил молекуларниот биолог Фиикаду Тафаси.

„Зборуваме за резултати налик на суперимунитет“, објаснил тој.

Авторите на студијата велат дека потребно е да се направат дополнителни истражувања за да се потврди сето тоа, но и да се истражи дали доколку некој се заразил со коронавирусот, па се вакцинирал исто така ќе создаде „суперимунитет“ затоа што реакцијата на телото на иницијална инфекција е непредвидлива.

останати вести