Сакал да ја ограби па го “скршила“ од ќотек

by Тони Зографски

Една од најдобрите во женскиот дел од УФЦ, Полијана Вијана имала мала непријатност изминатиот викенд, кога пред нејзниот авотмобил и пришол непознат маж. Тој сакал да и го украде мобилниот телефон, но веднаш зажалил. Таа со два удари со рака и еден удар со нога го нокаутирала. Почнала да го гуши додека да стигне полицијата да го уапси криминалецот.

“ Ми рече да го пуштам и да повикам полиција. Се плашеше дека уште ќе го тепам“ –  изјавила Вијана која против криминалецот поднела пријава.

Претседателот на УФЦ, Дена Вајт на својот „Инстаграм“ го покажа лицето на злосторникот, кој се обидел да ја ограби Вијана.

Инаку, интересно е што 27-годишната борачка и порано имал ваква непријатност, кога се обиделе да ја ограбат во Рио.

останати вести