Русија гори!

by Тони Зографски

Во пожари во повеќе градови на Русија загинаа шест деца и четири возрасни лица, пренесоа медиумите од оваа држава.

Три деца починале во пожар во куќа во селото Башкири, јужно од планината Урал. Двегодишно дете и две четиригодишни деца се оставени сами во куќа, пренесуваат агенциите.

Уште две деца го загубија животот во пожар во селото Красни Кут во јужната област на Саратов, а дете и две возрасни лица загинаа во пожар во Казан.

останати вести