“ПРОШЕТКАТА МИ Е КАКО ДА ГО ИСКАЧУВАМ МОНТ ЕВЕРЕСТ“: Искусен нуркач и по 3 месеци тешко дише поради короната

by Тони Зографски

Иако врвот од пандемијата коронавирус во поголемиот дел од Европа помина, а болниците повеќе не се преполни, илјадници луѓе кои што закрепнале од Ковид-19 и понатаму патат од долготрајни симптоми, како што се замор, губење на здивот, поматување на свеста.

Еден од таквите случаи е Емилијан Пескароло, 42-годишниот професионален нуркач од Италија, кој што се лекувал 17 дена, а три месеци по заминувањето дома тој вели дека и понатаму има проблеми со дишењето.

Пескарола истакнува дека, откако бил ослободен од болницата, со недели не забележал напредок во неговото понатамошно закрепнување и дека дури и кратка прошетка му се чинела како да се искачува на Монт Еверест.

Како што вели, тој исто така губел воздух за време на говор, поради што бил многу загрижен, и само кога, заедно со десетици други рековалесценти, започнал рехабилитација во клиника во неговиот град, напредокот стана видлив.

Неодамнешните истражувања покажаа дека КОВИД-19 ги оштетува не само белите дробови, туку и бубрезите, црниот дроб, срцето, мозокот, нервниот систем, кожата и дигестивниот тракт.

останати вести