ПРОФ. ТРАЈКОВСКИ: Со разуздано однесување не се постигнува колективен имунитет, а видете ги Јапонците

by Тони Зографски

Дали е можен колективен имунитет? Можен е, на источноазиски начин, со голема самодисциплина и доследна примена на превентивните мерки. Ваков е ставот на професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски, кој редовно ја анализира пандемијата со коронавирусот.

„Тоа повеќе зависи од самото население, а помалку од државниот апарат и полицијата. Ем е поевтино, ем речиси нема човечки жртви. Од друга страна, со гужви и разуздано однесување гледаме дека дури ни вакцините не можат да воспостават колективен имунитет. Згора на сè, има многу повеќе смртни случаи, а за трошоците и економијата да не зборуваме. Но, тука не може ништо да се стори. Вниманието кон другите луѓе, чија благосостојба се става над личната удобност, се дел од културата на јапонскиот народ, нешто што се учи уште од мали нозе. За нас е веќе предоцна, па секој со својата памет“, пишува Трајковски на Фејсбук.

останати вести

Comments are closed.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com