ПРОФ.ТРАЈКОВСКИ: Македонија трета во светот според број на починати од корона

by Тони Зографски

Професорот Дејан Трајковски алармираше на високата позиција на нашата земја според смртноста од корона вирус.

Тој вели дека, вчера, Македонија се искачи на третата позиција од 223 земји и територии во СВЕТОТ според најстрашниот параметар на епидемијата, кумулативниот морталитет (вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата, сметано на милион жители).

-Дури ни нереално високиот број на жители, 2,08 милиони, многу не ни помогна да го спуштиме рејтингот. Ова е главното мерило на „успехот“ на КЗБ, МЗ и владата во справувањето со епидемијата на ковид-19 во земјава. За три дена го очекуваме месечниот билтен на ДЗС со најновите податоци за одвишната смртност. Ќе имаме што да видиме, констатираше проф. Трајковски.

останати вести