Пристигна парот штркови во Чешиново-најголемото штрково гнездо во Европа (ФОТО)

by Тони Зографски
Пристигна парот штркови во најголемото штрково гнездо во Европа, со висина од 3,2 метри, кое се наоѓа на Задружниот дом во Чешиново.
Тоа е гнездото бр.1, според броењето на штрковите гнезда од страна на Здружението “Оризова братимка” од Чешиново, кое е извршено во 2019 година.
Чешиново е дел од општината Чешиново-Облешево, која е прогласена за Европско село на штркот за 2013 година.

останати вести