Прекинот меѓу педалите и опашката го урна хеликоптерот на газдата на Лестер

by Тони Зографски

После повеќе од еден месец и официјално е откриена причина за несреќата во која животот го загуби претседателот на Лестер, Вичај Ширвадханапраба и уште четири лица кои беа со него во хеликоптерот.

Како што објавија англиските медиуми, по истрагата на целата несреќа, причина за падот биле педалите во хеликоптерот кои ги контролираат задните перки на роторот. Истражителите утврдиле дека педалите не работеле и биле исклучени со роторот, па пилотот на хеликоптерот на тој начин ја изгубил контролата и се урнал 200 метри по полетувањето од центарот на стадионот „Кинг Пауер“ во близина на домот на Лестер.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com