Пратеникот Ѓорчев: Никола сине…

by Тони Зографски

Денеска се слави Св. Никола, а многу луѓе низ Македонија вечерва слават именден. Еден меѓу нив е и синот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, Никола.

Тој на својот Твитер налог напиша емотивна порака и му го честиташе именденот на својот син.

Свети Никола (грчкиΆγιος Νικόλαος) или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски се смета за заштитник на морињата. На христијанските бродови обично се наоѓа иконата на светителот, а спроти денот на славењето бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, морнарите ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе го продолжат пловењето. На иконите Свети Никола се претставува со својата архиерејска одежда.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com