Почина поранешниот градоначалник на Москва Јуриј Лужков

by Тони Зографски

Поранешниот градоначалник на Москва, Јуриј Лужков, кој беше на чело на градот речиси две децении почина на 83-годишна возраст.

Руските медиуми јавија дека Лужков починал во болница во Минхен.

Тој стана градоначалник на рускиот главен град во 1992 и на таа функција беше до 2010, кога беше разрешен од страна на Кремљ, оти ја изгубиле довербата во него. И покрај постојаните обвинувања за назадување и корупција, тој беше многу популарен меѓу граѓаните на Москва.

Во 2016 година рускиот претседател Владимир Путин го одликуваше со медал за служба на татковината.

останати вести