Денеска Гондомар во Португалија е најтажното место на планетат. Таму, само две недели по големата прослава и венчавката на Диого Жота, се одржува неговиот погреб.
Целата убавина и суровост на животот во едно.Скоро целиот тим на Ливерпул дојде да се збогува со својот соиграч. Први пристигнаа Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон, како и тренерот Арне Слот. Потоа дојдоа сите други соиграчи, како и поранешните клупски колеги од Ливерпул Џордан Хендерсон, Фабињо…
Ван Дајк и Робертсон носеа венци со симболичните броеви 20 и 30, кои Диого Жота и Андре Силва ги носеа во Ливерпул и Пенафиел, соодветно.
Секако, тука е речиси комплетниот национален тим на Португалија: Бернардо Силва, Рубен Невес, Жоао Педро, Рубен Дијас, Нелсон Семедо, Бруно Фернандеш, Жоао Феликс, Фернандо Сантос, Роберто Мартинез и многу други.
Инаку, за прв пат во историјата на клубот, „Црвените од Енфилд “ одлучија да повлечат еден дрес од употреба. Станува збор за бројот „20“ што го носеше Жота.