Полицијата го уби терористот од Стразбур (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Шериф Шекат, терористот кој што во неодамнешниот напад во Стразбур уби три, а рани 13 лица, е смртно застрелан од страна на полициските припадници.

Како што пренесуваат француските медиуми, најпрвин се слушнале нови истрели во градот кои што повторно предизвикале паника меѓу населението, а набрзо потоа градот започнале да го надлетуваат и хеликоптери. Се слушнале три-четири истрели, а додека објави полицијата за што станува збор, во градот повторно завладеала паника

На потерницата Шекат беше опишан како 29-годишно лице, висок 180 сантиметри, со нормална телесна градба, кратка коса и темен тен. Од полицијата ги предупредија граѓаните дека станува збор за исклучително опасно лице.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com