Пет деца изгазени во ноќен клуб во Италија (ФОТО И ВИДЕО)

by Тони Зографски

Најмалку шест лица загинаа од кои пет деца, а околу 120 се повредени во паника во ноќен клуб во Италија, објавија локалните власти.  Состојбата на најмалку 10 од повредените е сериозна. Меѓу загинатите три се девојчиња, две се момчиња, а шестата жртва е една возрасна жена.

Несреќата се случила околу 01:00 часот по локално време, на концерт на италијанскиот рапер Сфера Ебаста во клубот „Лантерна Аззурра“во близина на Анкона, во кој имало околу 800 луѓе.Публиката почнала да паничи и да трча кон излезот откако некој испрскал супстанца слична на бибер-спреј.  Очевидец на настанот рекол дека еден излез во случај на опасност бил заклучен кога се обидел да излезе. Властите истражуваат дали излезите во случај на опасност функционирале.

останати вести