Петмина загинаа во пожар во зграда кај Барселона, прогласена тридневна жалост

by Тони Зографски

Пет лица загинаа, а четворица се полесно повредени во пожар што избувна во петкатна станбена зграда во Манлеу во близина на Барселона, објави весникот „Ел Паис“.

Се верува дека сите жртви биле млади лица, а можно е некои да биле и малолетници.

Пожарот е пријавен синоќа во 21:10 часот, а избувнал во магацин на покривот на зграда на улицата Монтсени.

Пожарникарите испратиле 13 екипи на местото на настанот, а пожарот бил изгаснат во 21:41 часот.

Причината за пожарот засега е непозната.

Претседателот на каталонската влада, Салвадор Иља, изрази сочувство до семејствата на загинатите и посака брзо закрепнување на повредените, додека градоначалникот на Манлеу, Арнау Ровира, прогласи тридневна жалост.

Знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, а минута молчење е закажана за вторник во 19 часот пред Градската куќа.

Според податоците на Цивилната заштита, три семејства се привремено сместени во хотел во Манлеу, додека останатите станари се вратиле во своите домови.

останати вести