Патничкиот авион се урнал врз студентски дом за лекари во Индија, нема преживеани

by Тони Зографски

Авионот на „Ер Индија“ кој денеска падна набргу по полетувањето од аеродромот во Ахмедабад се урнал во хостел во кој престојуваат медицински лица и студенти по медицина. „Си-Ен-Ен Индија“ објави дека авионот удрил во трпезаријата на државниот хостел, при што има загинати.

Спасувачите досега извлекле најмалку 35 тела од местото на несреќата, но имало уште заглавени.

Во авионот, кој летал за Лондон, имало 232 патници, од кои 13 деца и 12 членови на екипажот. Меѓу нив имало 169 Индијци, 53 Британци, седум Португалци и еден канадски државјанин, соопшти авиокомпанијата. Од локалната полиција кажаа дека веројатно нема преживеани.

Густи облаци од чад се издигаа од местото на несреќата и се видливи од голема далечина.

Ер Индија потврди дека нивниот лет 171 од западниот град Ахмедабад до Лондон Гетвик се урна во „трагична несреќа“.

„Со длабока тага потврдувам дека летот 171 на Ер Индија,  од Ахмедабад до Лондон Гетвик, денеска имаше трагична несреќа“, изјави претседателот на Ер Индија, Натараџан Чандрасекаран.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com