ОД КОМПЛИКАЦИИ ПРИ ПОРОДУВАЊЕТО: Почина 31-годишна европска шампионка од Србија

by Тони Зографски

Голема трагедија се случи во Србија.  На 31-годишна возраст почина Бобана Момчиловиќ Величковиќ, трикратна европска шампионка.

Бобана, која е актуелен првак на Стариот континент во стрелаштво во категоријата Воздушен пиштол на 10 метри имала компликации при породувањето пред дваесетина дена.

Ситуацијата дополнително се закомплицирала во последните неколку денови и за жал докторите не успеаа да и го спасат животот.

„Беше голем борец, но за жал најважната животна битка ја загуби денеска“, објавија од Стрелачкиот сојуз на Србија.

Во оваа трагедија бебето не било загрозено, и се чувствува добро.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com