Новиот сопруг на Памела Андерсон бил обвинет за сексуално вознемирување (ФОТО)

by Тони Зографски

После тајна романса, поранешната плејбој зајачица Памела Андерсон и продуцентот Џон Петерс стапија во брак. Петтата венчавка на Памела и на Питерс, се случила во тајност на приватна церемонија во Малибу.

„Двајцата многу се сакаат. Тоа е голема холивудска романса“, рекол нејзиниот публицист потврдувајќи ја веста.

Но, Џон Петерс зад себе имал и “мрачен“ период. Тој од 1996 до 2008 дури пет пати бил обвинет за сексуално вознемирување.  Неговата поранешна асистентка Шели Морито доби дури 3 милиони долари на име на оштета поради сексуално вознемирување од Џон.

-Бев самохран родител. Тешко ми беше да дадам отказ- изјавилаМорито.

Инаку, Џон Питерс е продуцент на филмот „Ѕвездата е родена“ на верзијата од 70тите, како и на поновата верзија со Лејди Гага и Бредли Купер.  Тој претходно бил во врска и со Барбара Стрејсенд и Кетрин Зита Џонс.

Памела пред бракот со Џон Питерс беше во врска со францускиот фудбалер Адил Рами.

останати вести