НЕ ЈА РАЗБРАЛ СОДРЖИНАТА: Тужи порно сајт бидејќи филмот “Жешка тетка…“ немал превод

by Тони Зографски

Најголемиот сајт за возрасни Pornhub цел е на тужби од Американци со оштетен слух кои тврдат дека сајтот го крши законот, бидејќи нема превод на филмовите.

Јарослав Сурис го тужи сајтот и во тужбата има наведено дека лицата со оштетен слух се дискриминирани, бидејќи не можат во целост да го доживеат филмот.

-Гледавме филмови како што се “Врела тетка го чува немирниот внук“ и “Згодна полицајка го натера сведокот да проговори“ и бидејќи немаше превод не ја разбрав содржината на филмот – се наведува во тужбата.

Сурис бара оштета и да се промени праксата во работата на сајтот.

– На Сурис кој не тужи сакаме да му напоменеме дека на нашиот сајт има цела категорија која се вика “титловани филмови“ – соопштиле од Pornhub.

 

останати вести