Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

by Тони Зографски

На прв поглед, храната и фудбалот немаат многу заедничко. Едното е вкус што се споделува на маса, а другото е игра што се следи со срце. Но, и двете имаат иста моќ, да разбудат страст, да соберат пријатели и роднини и да создадат моменти што долго се паметат.

Ова фудбалско лето за нас има и посебна регионална емоција, затоа што дел од фудбалските фанови со интерес ги следат натпреварите на Босна и Херцеговина и Хрватска. Има нешто препознатливо во таа симпатија кога игра некој од регионот и е причина повеќе да се гледа, да се навива и да се коментира секоја акција. А навивањето кај нас ретко е само спорт. Тоа е дружење, убедување кој е подобар, спорење околу судиските одлуки, предвидување резултати и многу енергија околу една топка.

Токму од таа атмосфера тргнува и актерот Стефан Николовски, кој инспирацијата ја преточи во шеговитото видео „Како си зборуваат екс ју државите меѓу себе“. Во видеото, Стефан влегува во улога на различни карактери од регионот и покажува како тие се обидуваат да се договорат заедно да ги бодрат Босна и Хрватска. Сите се разбираат меѓусебно, барем додека не се појави некој збор што секој го толкува на свој начин.

Ама такви се и најдобрите фудбалски вечери кај нас: малку се зборува на различни „јазици“, малку секој има свое толкување на ситуацијата, а на крај сите завршуваат околу иста маса. Некој анализира тактика, некој се нервира за судијата, некој предвидува резултат, а некој само прашува што ќе се јаде. И токму тогаш, храната станува дел од навивањето исто колку и коментарите пред телевизор.

Затоа Wolt тука не влегува како пауза од натпреварот, туку како дел од него. Додека се чека следната акција, додека се убедувате дали беше офсајд или не, храната и пијалаците можат да стигнат до врата без некој да го напушти најважното место во вечерта, каучот пред телевизорот. Покрај ресторанските нарачки, навивачите преку Wolt можат да нарачаат и грицки, храна и пијалаци од супермаркети, односно сè што е потребно за добра спортска забава пред екраните. Никој не мора да оди до дуќанче, никој не мора да го пропушти пеналот, а масата сепак се полни навреме.

И можеби токму тоа е најточниот опис на match-day вечер од нашиот простор: малку збрка, многу навивање, добра храна и доволно причини никој да не го пропушти следниот гол.

Ако, пак, во жарот на навивањето парчето пица случајно полета кон телевизорот, не се вознемирувајте дека ќе го пропуштите следниот натпревар. Отворете Wolt и проверете ја понудата со електроника — можеби токму таму ве чека новиот екран за следниот match-day.

останати вести